ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 06/19/18 6:22 AM

Времето денеска: Променливо облачно со сончеви периоди

Времето во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен ветер од северен правец, кој повремено ќе се засилува долж Повардарието. Попладне локално ќе има развој на нестабилна облачност, проследена со пороен дожд и грмежи, особено во југозападните делови.

Утринската температура ќе се движи од 12 до 18 степени, а дневната од 24 до 32 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен ветер од северен правец.  Утринската температура ќе достигне до 17 степени, а дневната температура до 29 степени.

Според најавата од УХМР, утре и во четврток ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а попладне ќе има изолирана појава на краткотраен дожд и ретки грмежи.

Од сабота се очекува промена на временската состојба, ќе дува северен ветер и ќе предизвика пад на температурата, а се уште ќе има локални врнежи од дожд.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1