ММС

Објавено на: 07/13/20 12:12 PM

Самиот си пресуди: (Не)човекот кој сексулно злоупотребил 305 деца пронајден со жица околу вратот

Франсоа Камил Абел, кој е обвинет за сексуална злоупотреба на повеќе од 300 деца во Индонезија, изврши самоубиство во затворот, рече денеска портпаролот на полицијата во Џакарта, Јусри Јунус.

Абел бил префрлен во болница откако чуварите на затворот го пронашле како лежи на подот во ќелијата со жица замотана околу вратот.

„Неговата состојба била стабилна, но потоа се влошила поради оштетување на мозокот предизикано од недостаток на кислород при обидот за самоубиство“, соопшти портпаролот.

Абело е уапсен кон крајот на минатиот месец во хотелска соба со две голи девојчиња. Претходно полицијата добила дојава од граѓани кои изразиле сомнеж дека странски државјанин во хотелот искористува деца

.Шефот на полицијата во Џакарта, Нана Суџана, наведе дека на снимките пронајдени во неговиот компјутер се гледа оти бел вмешан во незаконски дела со 305 деца од десет до 17 години. На децата им плаќал по извесна сума пари. Тие што го одбивале во намерите ги тапал.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.