ММС

Објавено на: 07/12/20 10:25 AM

Мојот брак заврши на денот на свадбата- Како Мик Џегер и го упропасти животот на првата сопруга Бјанка

Познатиот рокер Мик Џегер е познат како голем заводник, но само две жени успеале да го одведат пред олтар, пишува Glossy.rs. Првата е денес 73-годишната актерка Бјанка, а втората е 62-годишната поранешна манекенка и топ моделот Џери Хол, која во моментов е во брак со 25-години постариот медиумски магнат Руперт Мардок.

Бјанка, по потекло од Никарагва, стана негова сопруга во 1971 година. Свадбата се одржа во француското одморалиште Сен Тропе, а двојката ја има ќерката Џејд. Сепак, во 1977 година, двојката реши да се разведе, а во истата година, Мик се загледа во русокосата секс-бомба Џери Хол,  нивниот брак траеше 9 години, иако на крајот беше прогласен за неважечки затоа што беше склучен во Бали.

Бјанка како причина за развод го наведува неговото неверство со Џери и во една прилика изјави: „Мојот брак заврши на денот на свадбата“.

Иако многу други мажи воздивнуваа за овие убавици, тие едноставно не беа доволни за  заводникот, па  така и Џери Хол ја изневеруваше.

За време на бракот со Бјанка, Џегер исто така имаше афера со модел на Плејбој цели цели две години, а за време на бракот со Џери се впушти во нови афера.

Бјанка никогаш повеќе не се омажи. Некогаш убавата актерка неодамна беше видена на Модната недела во Париз, а нејзиниот изглед многумина го споредуваа со кралот на попот, Мајкл Џексон. Сепак, мора да се признае една работа, црнокосата Бијанка изгледа одлично за нејзината возраст.

Извор: kurir.rs


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1