ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 07/12/20 9:30 AM

Трамп за прв пат во јавноста со заштитна маска

Американскиот претседател Доналд Трамп ја посети воената болница во преградието на вашингтон и прв пат во јавноста носеше заштитна маска поради пандемијата од корона вирусот.

Кога излегувал од Белата куќа им рекол на новинарите- „Кога сте во болница. . мислам дека се очекува да носете маска“.

Од почетокот на пандемијата во САД ,каде што има заразено над 3,2 милиони Американци, Трамп ги одбиваше препораките на епидемиолозите во јавност да нови маска.

Анонимни извори блиски на Трамп, изјавиле за АП дека претседателот се плашел дека носењето на маска ќе делува слабо и се грижел дека вниманието ќе се сведело на здравствената криза, а не на економската обнова, на што инсистира.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1