Закани кон дописничката на МИА Милевска - осуда од новинарските здруженија
ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 07/11/20 8:25 PM

Закани кон дописничката на МИА Милевска – осуда од новинарските здруженија

Здружението на новинари (ЗНМ), Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) и Советот за етика на медиумите во Македонија (СЕММ) најостро реагираат на говорот на омраза и директните закани по живот упатени преку социјалната мрежа Твитер, до колешката Тања Милевска, дописник за државната агенција МИА од Брисел.

-Како новинарски организации упатуваме на фактот дека и говорот на омраза и ваквите директни закани се опфатени со Кривичниот законик, со што должност е на институциите, првенствено на МВР и на Јавното обвинителство, итно да ги истражат и процесуираат.Потсетуваме дека безбедноста на новинарите и правото на слободен говор одат рака под рака, заедно со демократските обележја на една држава . Ваквиот јавен дискурс во којшто најбезобразно се напаѓаат новинари, и тоа со најотворени закани по живот е недозволив и незамислив за едно демократско општество.Фактот што Македонија е во предизборна кампања само дополнително потенцира апелот да биде упатен и до политичките партии како директни генератори на овој опасен тренд преку толеранција на овој наратив од нивни поддржувачи, ботови и лажни профили по социјалните мрежи, соопштуваа  новинарските здруженија и побараа од институциите  итна реакција и будно следење на сите вакви појави, а од партиите јавна осуда на нападите и поддршка на новинарските заложби за слобода на говор и заштита на медиумските работници.

Заканите  кон Милевска уследија по нејзината реакција на обраќањето на унгарскиот премиер Виктор Орбан во пресрет на Парламентарните избори и употребата на името Македонија.

Следеа навреди кон Милевска, а еден од корисниците на Твитер ја „советува“ ако и’ се „угаси светлото во влезот, да клекне и да се моли“.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7