ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 06/18/18 12:41 PM

Струмица од 8 до 12 октомври повторно домаќин на врвните готвачи

Третиот меѓународен натпревар – „Гастро мак 2018“ годинава повторно ќе се одржи во Струмица во периодот од 8 до 12 октомври.

Ова го соопштија денеска на прес-конференција претставници од Асоцијацијата на готвачи и шефови на кујни од Македонија-„Гастро мак“.

– Светската гастрономска јавност со месеци зборуваше ви суперлативи за минатогодишниот настан, тука во Струмица, така што и оваа година мораме да го одржиме и да го надминеме заслуженото реноме. Со домаќините, градот Струмица и Хотелот „Вила Парк“, сигурни сме дека и оваа година ќе направиме настан за долго паметење, рече Адријана Алачки, претседателка на „Гастро мак“.

Градоначалникот Коста Јаневски истакна дека со овој настан Струмица уште повеќе станува препознатлива.

– За општина Струмица и за мене како нејзин градоначалник, ова претставува чест и задоволство, бидејќи третиот интернационален гастрономски натпревар-„Гастро Мак Македонија 2018“ ќе биде уште една алка во синџирот од меѓународни манифестации со кои Струмица се гордее и е препознатлива надвор од границите на нашата земја, рече градоначалникот на Струмица, Коста Јаневски.

Од „Гастро мак“ најавуваат дека на големиот кулинарски настан ќе присуствуваат над триста учесници, натпреварувачи, судии и почесни гости.

Натпреварот се одржува под мотото „Залче од светските вкусови“, а логистички е поддржан Светската организација на шефови кујни.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1