ММС

Парламентарни избори 2020: Петар Колев, носител на листа на ГДУ во ИЕ3 (видео)

ГДУ, политички субјект формиран пред две години, претседател Петар Колев

Акценти од Изборната програма за Парламентарни избори 2020:

За Граѓанско демократската унија (ГДУ) ова се први Парламентарни избори на кои учествуваат, со целосни листи во сите изборни единици. Првото изборно искуство го имаа на Вонредните локални избори 2019 година во Општина Охрид, каде се избираше градоначалник.

ГДУ својата Изборна програма ја базира на реформи во неколку клучни сегменти, како јавната администрација, образованието и здравството.

Во економскиот дел од Програмата,  предлага поттикнување на конкуренцијата и консолидација на обемот на јавната потрошувачка преку повеќе мерки. Формирање фискален совет, намалување на вкупните зафаќања од бруто платата по основ на даноци и придонеси, намалување и целосно укинување на ставките за разни административни надоместоци, глоби, судски и административни такси и разни други владини услуги кои се товар за граѓаните, како и воведување на законско ограничување за Владата да мора да ги реализира капиталните инвестиции.

Граѓанско демократската унија предлага нов модел на фискална децентрализација, со кој дел од локалните буџети во општините ќе бидат формирани на база на платените даноци на граѓаните од соодветните општини. Едниот столб од општинските буџети да биде формиран на база на 50 отсто од персоналниот данок на граѓаните, кој ќе биде платен во соодветните општини. Педест проценти ќе остане во општинскиот буџет, а 50  отсто да оди во централниот буџет, за прва етапа од фискалната децентрализација.