ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 06/18/18 12:39 PM

Општа болница Кавадарци ќе добие компјутерски томограф и национален палијативен центар

Во наредниот период Кавадарци ќе добие Центар за палијативна нега,најави министерот за здравство Венко Филипче при денешната посета на Општа болница Кавадарци. ПОкрај ова Филипч најави и компјутерски томограф за кој започнуваат постапка за набавка со што се планира болницата да стане регионален центар за услуга на околу 70 илјади граѓани од овој регион.

– Исто така, надоградба на еден дел кој повеќе од 30 години седи празен како карабина, а е идеално место да стане центар за палијативна нега за пациентите од цела држава. За таа цел треба тој да се надгради, да се реновира соодветно. Ова е добро место заради тоа што е централна позиција во државата, заради тоа што има експертиза што е многу битно, соодветен број на интернисти, на хирурзи, но и анестезиолози, ќе бидат сместени некаде десет до дванаесет пациенти, што е сосема доволен капацитет согласно со потребите во моментов на државата. Потребите секогаш растат и секогаш кога ќе излезете со некоја нова понуда на некоја соодветна специјалност, или која досега ја немало во државата, секогаш излегуваат пациенти,истакна Филипче.

Министерот Филипче очекува дека најавениот компјутерски томограф во кавадаречката болница да пристигне до крајот на годината.

На ова се осврна и директорот на болницата Диме Коцев кој рече дека и двете новини ќе значат многу за пациентите кои се лекуваат овде.

– Мислам дека со тоа ќе се покачи дигнитетот на болницата, за да направиме конечно Тиквешани да бидат горди на нашата болница која ја имаме. До пред први јуни, во нашата болница дежурствата беа организирани на еден поливалентен начин, што значи имавме поливалентни дежурства, еден колега дежураше само на хируршки гранки додека друг колега дежураше на интернистички гранки. Од први јуни како што ветив дека сакаме да ја приближиме медицината кон граѓаните, одлучивме да има профилирани дежурства, што значи дека сега на секој оддел кај нас во болницата има дежурен лекар,информира Коцев.

За Коцев од голема важност е што детското одделение кое досега имало проблем со доктори сега добило и дежурен лекар.  До први овој месец во болницата имало 29 нови вработувања а сега имало конкурс и за 5 доктори и еден фармацевт.

 

Билјана Тошевски


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1