ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 07/11/20 7:26 AM

Шкотска продава цел остров по цена како за стан во Лондон

Цел ненаселен остров се продава во Шкотска, а понудената цена изнесува само 500 илјади фунти (560.000 евра), колку приближно чини стан во Лондон, пишува „Метро“.

Островот се наоѓа во средината на езерото Лох Ломонд на северозападот на Шкотска, а површината на островот, прекриен со густа вегетација, е 42 хектара. На островот никој не живеел во последните 20 години, па на тој начин е идеално место за луѓе што сакаат да се изолираат.

Се најавува продажба и на друг поголем остров, кој им е омилено летувалиште на Руси иТурци, но цената му е околу 18 милиони долари.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1