ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 07/10/20 5:32 PM

Поранешниот фудбалер на Феенорд и Челзи се пресели во бразилски Ботафого

Триесет и четиригодишниот фудбалер од Брегот на Слоновата Коска, Саломон Калу, како слободен агент се пресели во бразилски Ботафого.

По шест години поминати во Херта од Берлин, сега некогашниот освојувач на Лигата на шампионите со Челзи, ќе го носи црно-белиот дрес и кариерата најверојатно ќе ја заврши во Рио де Жанеиро.

Дебито на брзиот напаѓач се очекува да се случи на почетокот на сезоната во бразилската лига во август годинава. Ботафого претходно се обидоа да го донесат и неговиот колега од репрезентацијата, Јаја Туре, но за жал обидот беше неуспешен.

 

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1