ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 06/18/18 11:50 AM

Македонија останува ПЈРМ за ЕУ до целосна имплементација на договорот

Европската унија ќе продоложи да ја нарекува нашата земја според привременото име, до целосно импементирање на договорот постигнат меѓу Македонија и Грција. Ова го изјави портпаролката на Европската Комисија, Маја Коцијанчич.

Таа истакна дека договорот е постигнат, но треба да се преземат одреден број чекори за да биде комплетиран. Дотогаш, како што рече Коцијанчич, во официјалната комуникација ЕУ ќе продолжи како и досега да нѐ нарекува, Поранешна југословенска Република Македонија.

Министрите за надворешни работи на Македонија и Грција, Никола Димитров и Никос Коѕијас, во присуство на премиерите на двете земји и претставници од ЕУ, вчера во Преспа го потпишаа договорот со кој се става крај на деценискиот спор за името.

 

Преземено од: Макфакс


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1