ММС

Повторно отворена Ајфеловата кула, но овој пат поголемиот број на посетители нема да бидат странски туристи

 

Се отвара терасата на Ајфеловата кула.

На поголемиот број на луѓето кога ќе им го споменете зборот „Париз“ во главата им се создава слика од Ајфеловата кула, градба која е препознатлива за „градот на светлината“ како претстолнина на Франција.

Посетителите на кулата, висока дури 300 метри, од овој викенд повторно ќе може да уживаат во пијалок на летната тераса.

Кулата беше затворена во средината на март поради избувнување на епидемијата од корона вирусот, а за посетителите повторно беше отворена на 25- ти јуни.

Терасата на Ајфеловата кула има површина од 57 квадратни метри, а во состав на истата има бар, а може да прими 300 до 350 гости.

Сите посетители мораат да носат маски и да држат дистанца.

Ајфеловата кула обично ја посетуваат околу седум милиони годшно, од кои 75 отсто се странски туристи, но поради актуелната ситуација се очекува да поголемиот број на посетители се од Франција.

 

извор : www.alo.rs


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за преземање.