ММС

Објавено на: 07/9/20 8:13 PM

Осум карактеристики на луѓето со висока самодоверба

Ниската самодоверба може да направи да имате лош однос со останатите луѓе, но и да почне да ве уништува одвнатре. Од друга страна, високата самодоверба не гарантира среќни односи, но помага подобро да разберете што самите сакате и заслужувате.  Кои се карактеристиките на луѓето со висока самодоверба, прочитајте во продолжение:

Сфаќаат дека ако односот со некој не успеал, значи дека така требало

Тие сфаќаат дека ако некој однос не успеал, тоа не е така затоа што направиле нешто погрешно, туку затоа што некои личности едноставно не се компактибилни. Не значи дека некој од нив направил нешто лошо – едноставно тоа се случува. Дури и кога се работи за љубовна врска, овие луѓе тоа не го доживуваат лично.

Луѓето со висока самодоверба поставуваат здрави граници

Високата самодоверба и здравите лични граници доаѓаат рака под рака. Тоа значи дека ваквите личности на прво место ги ставаат своите потреби и емоции. Тие се однесуваат така како што сакаат и така како што сметаат дека треба. Не ги кријат своите особини за да изградат однос со некој по секоја цена. Луѓето кои си поставуваат здрави граници се чувствуваат исполнето, наоѓајќи си некое хоби што ги исполнува.

Сигурните луѓе не анализираат дали му се допаѓаат некому

Тие веруваат дека се достојни за љубов и не се сомневаат дека некој треба да чувствува љубов кон нив. Нивната самодоверба не зависи од туѓото мислење, па затоа уживаат во моментот без страв и сомнежи.

Сигурните луѓе веруваат во себе и во своите одлуки

Тие донесуваат одлуки самостојно и спремни се да се соочат со последиците. Овие луѓе не се сомневаат во своите постапки, едноставно прават така како што чувствуваат

Сигурните луѓе не се фалат себеси

Тие немаат потреба да им кажуваат на останатите дали и колку се добри. Сметаат дека само несигурните луѓе се чувствуваат недостојни и се фалат со своите достигнувања. Кога сметате дека вредите, не треба никому ништо да докажувате.

Сигурните луѓе преземаат одговорност

Тие се одговорни за своите постапки и емоции, односно не обвинуваат некој друг ако се чувстваат несреќно. Сметаат дека нивното време е нивна одговорност и ги користат грешките како прилика за да станат подобра личност.

Не толерираат лоши односи

Луѓето со голема самодоверба немаат толеранција за оние што не ги почитуваат. Не се плашат да заминат кога гледаат дека нешто не успева. Сфаќаат кога односите одат во погрешен правец. Почитувајќи се себеси, тие се оддалечуваат од оние што не ги почитуваат.

Прават мудар избор

Сигурните луѓе ги користат и главата и срцето кога бираат партнер, односно партнерка. Сигурните луѓе привлекуваат сигурни партнери.

 

Извор: uspesnazena.com


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1