ММС

Главен приоритет е безбедноста на набљудувачите и граѓаните, вели Андрикиене, шефица на мисијата на ОБСЕ/ОДИХР

ОДИХР не може да гарантира фер и демократски избори, вашата земја треба да ја разбере важноста на овие избори и сега е вистинско време да покаже дека може да биде одговорна за организација  на фер и демократски избори, порача шефицата на Спцецијаланта изборна оценска мисија на ОБСЕ/ОДИХР, во интервју за Радио Канал 77.

Главен приоритет ни е безбедноста на нашите набљудувачи и на граѓаните на земјата домаќин, вели Лаима Андрикиене, шеф на Специјалната изборна оценска мисија на ОБСЕ/ОДИХР за предвремените избори. Таа вели дека во нашата земја членовите на мисијата присутни се од 27 јуни и ќе останат по изборите. Експертите кои се присутни покриваат повеќе сегменти како изборната администрација, регистрација на гласачите, изборната кампања, финансирањето, медиумското покривање на кампањата, поплаки, спорови и механизмите за нивно разрешување како и целосната правна рамка за изборната кампања, помеѓу кои и следење на медиумите во однос на покриеноста на политичката кампања и изборниот процес.

„Како што споменав и претходно, ние мораме да се прилагодиме на ситуацијата. Главен приоритет ни е безбедноста на нашите набљудувачи и на граѓаните на земјата домаќин. Нашите патувања се ограничени, но сепак патуваме. На денот по изборите ние ќе објавиме прелиминарна изјава за нашите наоди и ќе имаме пресконференција за медиумите за да ги презентираме пред јавноста. Некои осум недели по изборниот ден ќе објавиме конечен извештај што ќе ги вклучува нашите проценки и можните препораки. Мислам дека е мошне значајно да се разбере и да се истакне дека мисијата на ОДИХР не може да гарантира фер и демократски избори. Северна Македонија е суверена земја и членка на НАТО од март, очекувате пристапни преговори со Европската Унија и треба да се разбере важноста на овие избори за земјата и сега е вистинското време да покажете дека земјата може да биде одговорна за организација на едни фер и демократски избори“, изјави за Канал 77 шефицата на Специјалната изборна оценска мисија на ОБСЕ/ОДИХР Андрикиене,  и рече дека во конечниот извештај ќе бидат вклучени и можните препораки.


Таа потенцираше дека во изминатиот период имале средби со лидери и менаџери на поголемите политички партии, но се уште не е подготвена да сподели првични проценки за досегашниот тек на предизборната кампања.

„Исто така имавме средби со различни невладини организации кои што се вклучени во набљудувачкиот процес како МОСТ, ЦИВИЛ и слични, но и со такви кои работат во полето на заштита на човековите права, правата на малцинствата и етничките права . Сите овие соговорници ни помогнаа да добиеме поширока слика за изборниот процес. Ние сме свесни за правната рамка и дека таа е различна од претходните избори кои беа во декември 2016 година, но и за измените кои беа направени еден ден пред да се распушти Собранието во февруари 2020. Целиот процес е комплексен и не сум спремна да споделам првични проценки“, изјави Андрикиене.

Таа потенцираше дека пандемијата со корона вируст и рестрикциите наметнале големи предизвици за сите засегнати страни во изборниот процес, па дури и патувањата на ОДИХР биле ограничени за како што вели сакаат да го сведедат на минимум нивниот епидемиолошки отпечаток во земјата, затоа што приоритет е здравјето на набљудувачите и граѓаните на оваа земја.

 

В