ММС

Светиниколчани не се откажуваат од матурските прослави и покрај наглиот пораст на заболени

По појавата на заболени од Ковид 19, конфекцијата „Мода“ од Свети Николе преку приватна клиника изврши тестирање на работниците од една смена, каде има позитивни на корона вирусот. Тестирани се 209 работници, чии резултати се очекуваат денеска, најдоцна утре.

Во моментов во Свети Николе има 13 текстилни работници заболени од Ковид 19.

Во Свети Николе, според Кризниот штаб 50 лица се заболени од коронавирусот, а 75 лица се наоѓаат во самоизолација по основа на контакт со заболени лица.

-Ситуацијата е посебно алармантна во конфекцијата „Мода“, каде бројот на заболените од коронавирусот се зголемува. Од страна на менаџментот не’ информираа дека во текот на вчерашниот ден во приватна клиника се тестирани вкупно 209 вработени, чии резултати ги очекуваме во текот на денешниот и утрешниот ден, соопштија од Кризниот штаб.

Свој придонес во наглото зголемување на бројките на заболени имаат и родителите на матуранти, кои не сакаа да се откажат од организирањето на матурските прослави за своите деца, па одлучиле да ги соберат родинитете и пријателите и покрај препораките да нема домашни прослави.

Светиниколскиот Кризни штаб официјално побарал од Кризниот штаб на РСМ, Министерството за здравство , Државниот санитарен и здравствен инспекторат и Центарот за јавно здравје Велес, како надележни институции, да ги  превземат на сите мерки за спречување на натамошно ширење на вирусот. Пред се’ да се вршат редовни контроли на работничкиот превоз и придружувањето на граѓаните кон пропишаните мерки.