Торнике Шенгелија официјално нов играч на ЦСКА
ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 07/9/20 10:42 AM

Торнике Шенгелија официјално нов играч на ЦСКА

Актуелниот шампион на Шпанија со екипата на Басконија, Торнике Шенгелија, потпиша тригодишен договор со рускиот кошаркарски гигант, ЦСКА Москва. Грузиецот во договорот има бај-аут клаузула која може да го одведе во НБА без никакви ограничувања и пречки.

Центарот на Басконија минатата недела ја освои титулата со својот тим во АЦБ лигата, победувајќи ја силната Барселона и застана на кошаркарскиот трон на таа земја по една деценија.

Дваесет и осумогодишниот Шенгелија ја заврши минатата сезона со 15.9 поени во просек по натпревар, 5.6 скокови и 2.9 асистенции, во 28 меча во Евролигата. Во АЦБ лигата неговиот скор беше за нијанса подобар, 16.6 поени по натпревар, 6.3 скокови и 2.7 асистенции.

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7