ММС

Објавено на: 07/8/20 7:45 AM

Белград по протетсите: Повредени повеќе од 20 полицајци и граѓани (ВИДЕО)

Полицијата рано утрово успеа да ја „преземе контролата“ на белградските улици, каде се избркани демонстрантите прво пред Собранието на Србија, а потоа и пред другите плоштади и булевари.

13 полицајци и 7 цивили биле повредени во текот на нередот пред Собранието во Србија и сите се пренесени во болница, изјавиле од Итната медицинска помош за РТС.

Итната медицинска помош интервенирала повеќе од 20 пати во текот на ноќта во делот околу Народното собрание, каде беше одржан протестот.

Исходот од протетсите во Белград се запалени контејнери и ѓубре низ улиците, скршени сообраќајни знаци, уништени жардињери, камења, запалени полициски автомобили, неколку скршени излози.

Вратата на Народното Собрание и понатаму е под силно обезбедување од голем број на полициски припадници.

Улицата која води кон Собранието, од страна на полицијата формирани се коридори со цел да спречат евентуално враќање на демонстрантите.

Револтот на граѓаните во Белград беше поради повторното воведување на  полициски час со цел спречување на Ковид 19.

Реакција од Владата

Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ изјавила дека најостро го осудува „вандализмот на политичарите кои стојат зад насилниот упад во Собранието на Србија во моментот кога државата и здравствениот систем се соочува со најтешкиот удар од вирусот Ковид 19 од почетокот на пандемијата“.

„Бидејќи не можеа во Собрание да влезат за време на изборите, повторно го покажаа своето насилничко право лице обидувајќи да стекнат политички поени на најголемата криза на планетата од Втората светска војна“, изјавила вчеравечер Брнабиќ во пишана изјава.

Преземено од: http://balkans.aljazeera.net/


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.