ММС

Ексклузивно видео: Како Атиџе во студио ја испеа „Чекор по чекор“

Хероината од документарецот „Медена земја“, Атиџе Муратова дојде во Скопје, влезе во студио и ја сними познатата нејзина песна „Чекор по чекор“, која се пееше и во Холивуд. Ексклузивна можност да слушне како звучи Атиџе во студио, односно како звучи „Чекор по чекор“ комплетирана со музика и аранжман ја имаше mms.mk , и со вас го споделуваме почетокот на песната, бидејки како звучи целосно ќе се знае наскоро, кога ќе биде комплетирана со спот.

Атиџе со Љупчо Соколовски, кој заедно со Илчо Јованов го направија аранжманот за песната

-Ова е само уводниот дел од песната, која се уште е работна верзија. Се е снимено и се прави ремикс. Снимањето помина многу убаво, со многу позитивна енергија што ја даваше Атиџе , и ги прифаќаше сите работи што и беа кажани околу пеењето, бидејќи ова е прва песна што ја снима, прв пат е во студио. Ја донесе песната онака како што ја чувствува, емотивно, каква што е и таа  и излезе премногу убаво. Песната кога ќе биде готова ќе се снима спот и заедно со спотот ќе биде промовирана. Освен оваа планирано е да се снимаат уште две нејзини песни, вели Љупчо Соколовски за mms.mk, кој заедно со Илчо Јованов го направи аранжманот, а снимена е во студиото „Сити саунд“. .

Атиџе исто така е пресреќна,и за mms.mk рече дека  соништата и е остваруваат.

-Прв пат сум во студио ама сега веќе се навикнав.  Снимав дел по дел, и не грешев.  Имам уште две песни.  Многу бев возбудена и среќна. Требаше поодамна да ги снимаме ама поради короната се забави. Можно е да снимам и реклама за мед. Многу се радувам.  Ете, никогаш не се знае што ти носи животот. Од сиромаштво, па сите патишта ми се отворија. Најважно е човек да биде добар, да нема лоша мисла, вели возбудено Атиџе за mms.mk.

Слушнете како звучи Атиџе во сегмент од песната „Чекор по чекор“.

Весна Миленковска