ММС

Храна која го намалува стресот и психичкиот замор- Тања Турунџиева препорачува за здравјето

НЕРВОЗА

Таа настанува кога нервниот систем во непријатна ситуација реагира диспропорционално кон оноа што се смета дека е вообичаено ( нормално) реагирање. Најчести предизвикатели на нервозата се и неурамнотеженост на нервниот систем како што се лошите навики:  пушење, алкохол и стимулативни пијалоци.

Со применување на некои здрави навики се помага при лекување како и за превентива при нервоза, на пример :

–              Редовен појадок, со што се избегнува хипогликемијата( намалување на концентрацијата на шеќер во крвта), која може да предизвика нервоза и раздразливост

–              Конзумирање на оброци во исто време, со што се избегнува ненадејно паѓање на нивото на шеќер во крвта

–              Доволен сон и одмор

–              Редовна физичка активност, при што се препорачува редовно вежбање или пешачење

Како превентива на нервозата и стресот се препорачува внес на:

–              БЕЗГЛУТЕНСКИ ЖИТАРКИ, одличен извор на витаминот Б и магнезиум, чив недостаток создава нервна раздразливост

–              СЕМКИ ОД СОНЧОГЛЕД, тие содржат витамин Б1. Витаминот Б1 корисно дејствува на нервниот систем

–              БРАЗИЛСКИ ОРЕВИ, многу богати со витамин Б1

–              ОРЕВИ, богати со есенцијални масни киселини (доминира омега-3), кој влијае на невроните, исто така  многу  содржи летицин, фосфор и витамини од групата Б

–              АВОКАДО, содржи есенцијални масни киселини, фосфолипиди и витамнин Б6. Секоја од овие состојки е важна за правилно функционирање на невроните.

–              ЗЕЛЕНАТА САЛАТА, таа е многу благ седатив, содржи витамини од групата Б

–              ИНДИСКИ ОРЕВИ, богати со магнезиум( чив недостаток предизвикува нервоза и раздразливост)

–              ГРАШОК, кој е добар извор на витамини од групата Б, потребни за правилно функционирање на нервниот систем

–              КАЈСИЈА, таа го балансира нервниот систем, бидејќи е богата со елементи во трагови или микроелементите

За спречување и лечење треба да се намали или елиминира внесот на:

–              СТИМУЛАТИВНИ ПИЈАЛОЦИ, кофеинот може да предизвика нервна надразливост и да ја појача нервозата. Кофеинот само привремено ја ублажува нервната раздразливост, така да кофеинските зависници осеќаат краткорајно олеснување, но нервозата се повторува и тоа со поголем интензитет.

–              АЛКОХОЛНИ ПИЈАЛОЦИ, сите алкохолни пијалоци содржат етил-алкохол кој е токсичен за неуроните. Иако, може на кратко да ја ублажи нервозата, сепак неговото дејство е многу штетно

–              РАФИНИРАН (БЕЛ )ШЕЌЕР, иако внесот на шеќерот дејствува смирувачки при нервози кои настануваат од недостаток на шеќер во крвта, а неговиот редовен внес преку слатки работи доведува до хиперактивности ја зголемува нервозата, како и кај децата така и кај возрасните.

 

Психички замор

Се јавува најчесто кај луѓе кои се изложени на интензивни психички активности. Тие имаат  поголема потреба за одредени хранливи состојки, па затоа се препорачуваат орашасти плодови.

За превентива и за лечење треба да се зголеми внесот на:

–              БАДЕМИ, кои претставуваат одлична храна за мозокот, исто така многу добар сооднос на минерали кои обезбедуваат стабилно функционирање на нервниот систем

–              ОРЕВИ, кој го подобруваат менталниот ефект

–              ХЕЉДА, ја подобрува концентрацијата и меморијата

И, за да се победи нервозата, секогаш треба во изобилие свежо овошје ни зеленчук, многу течности и природно цедени сокови.