ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 06/16/18 9:44 AM

Сменета шефицата на германската Канцеларија за мигранти

Германскиот министер за внатрешни работи, Хорст Зехофер ја смени шефицата на Федералната канцеларија за миграции и бегалци, Јута Корд која е вмешана во скандал околу неправилности во врска со донесување одлуки за азил на мигранти.

Корд е критикувана откако интерна ревизија за 4.568 одлуки за азил покажала дека огранок во Бремен свесно и редовно кршел легални прописи и интерни правила.

Одлуката на Зехофер е во момент на кулминација околу спорот за имиграцијата што е закана да го подели конзервативниот блок на канцеларката Ангела Меркел. Спорот меѓу партијата на Меркел и Зехофер (ЦСУ) е закана што може да ја загрози иднината на владата.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1