ММС

Шпанија е далеку од колективен имунитет покажало истражување на антитела

Големата шпанска научна студија покажала дека „колективниот имунитет“ на корона вирус е далеку од моменталната реалност и дека социјалната дистанца ќе остане најдобар пристап за борба против пандемијата.

Само пет отсто од 61 000 учесници во студијата развиле антитела на корона вирусот, според студијата објавена во научното списание „Лансет“, кое делумно било финансирано од шпанското Министертсво за здравство.

Истражувањето покажало дека околу третина од заразените со корона вирусот биле асимптоматски, наведуваат авторите дека има „важна јавно здравствена импликација“.

„Моментално тешко е да се постигне имунитет без колатерална штета, односно бројни смртни случаи кај ризичната популација и без преоптеретувања на здравствениот систем“, наведуваат истражувачите.

Колективниот имунитет се постигнува кога доволен дел од популацијата се заразени од вирусот, или се вакцинира против него, со што се запира циркулацијата на вирусот.

„Некои експерти процениле дека сероповаленцијата од околу 60 проценти може да значи колективен имунитет. Сепак ние сме далеку од тоа да ја достигнеме таа бројка“, изјавил водечкиот истражувал Марина Полан за Си-Ен-Ен.

Во истражувањето се наведува дека резултатите укажуваат од потребата за одржување на мерката за физичка дистанца и да продолжи да се идентификуваат и изолираат нови случаи и нивните контакти „за идна контрола на епидемијата“.

Авторите тврдат дека не е јасно дали некое лице заразено со корона вирус кое не развило антитела може повторно да зарази.

Истражувањето започна во април, додека Шпанија беше во строг карантин.

Шпанија е една од најтешко погодените европски држави, со повеќе од 28 000 починати и 250.000 случаи на заразени со коронавирус.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за преземање.

Клучни зборови: антитела, вести, истражување, свет, шпанија