ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 07/7/20 7:05 AM

Експлозија во Колумбија, седум загинати, 50 повредени – се обидувале да земат гориво од превртена цистерна

Според вестите објавени во колумбиските медиуми, а пренесуваат светските агенции, вчера на подрачјето на државата Магдалена, сместена во северниот дел Колумбија, по превртување на цистерна со гориво настанала експлозија во која настрадале седум луѓе, а педесетина се повредени. Повеќето од загинатите и повредените се обидувале од превртената цистерна да земат гориво.

На местото на несреќата пристигнале голем број противпожарни возила и екипи на итна медицинска помош, а во тек е истрага за случајот.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7