ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 06/16/18 8:25 AM

Секојдневни навики со кои жените ја уништуваат косата

Постојат многу трикови за убавина кои девојките ги користат секојдневно, но дел од нив сепак, може да ја уништат косата.

Погрешен шампон

Косата треба да се мие со вистинскиот шампон. Жените со бојадисана коса не би требало да ја користат шампони кои имаат сулфати. Сепак, токму таквите шампони би можеле да бидат корисни за жените кои имаат природна боја на косата.

Претерано користење препарати

И покрај желбата за убав изглед, секојдневното и претерано користење препарати за коса, може на долг рок да ви донесе повеќе лошо, отколку добро. Користете маска за коса што ќе ја направи вашата коса појака, но намалете го секојдневното користење уреди кои функционираат на висока температура. Феновите и пеглите особено ја уништуваат бојадисана коса, која во вакви ситуации би можеле да ја заштите на тој начин што ќе употребите кокосово масло како регенератор.

Не користете валкани четки

Валканите четки се полни со влакна и остатоци од производи за нега на коса. Ова пак, е совршено тло за развој на бактериите. Затоа се препорачува да ги чистите барем еднаш месечно со мешавина на сода бикарбона  и млада вода.

Не „малтретирајте“ ја косата додека е мокра

Кога е мокра, косата е послаба и покршлива. Обидете се да го избегнете грубото триење со пешкирот и чешлањето веднаш по бањањето. Откако ќе се подзасуши, чешлајте ја од краевите, чекор по чекор, кон коренот.

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1