ММС

Објавено на: 07/6/20 2:57 PM

Директни летови од 15 јули од Велика Британија до Грција

Владата на Грција соопшти дека диркетните летови од Велика Британија до сите аеродорми во Грција може да продолжат од 15 јули.

Од Грчката Влада велат дека одлуката ја донеле во соработка со Владата на Британија и препораките на експертите.

Грција ги забрани сите летови од Велика Британија поради ширење на вирусот во таа земја.

Британците се меѓу најбројните туристи во Грција, каде се обидуваат да спасат што е можно повеќе од ова летна сезона, бидејќи туризмот во Грција носи околу 20 отсто од БДП. Директните летови од Шведска во Грција се исто така забранети до 15 јули.

Од грчката влада велат дека и понатаму ги следат епидемиолошките податоци од Шведска и дека ќе донесат одлука во зависност од податоците.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.