ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 06/16/18 3:41 PM

Научници откриваат колку кафе ни е доволно за будност и концентрација

Кофеинот не секогаш го има ефектот на будност кај човекот, па така, понекогаш може да испиеме и неколку шолји една по друга. Меѓутоа, новата формула за којашто научници тврдат дека може да ја одреди правата доза кофеин, многу е веројатно дека ќе помогне.

Директорот на американскиот воен Институт за биотехнологија, Жак Рајфман во списанието „Џурнал оф Слип Рисрч“ објави и своја статија за новиот алгоритмот со кој се  пресметува вистинската доза кофеин и вистинското време за кафе.

„Овој алгоритам го подобрува ефектот на будност за 64 отсто, а притоа се внесува истата количина кофеин… Но и доколку го намалиме вносот на кофеин до 65 отсто, ефектот повторно ќе биде ист, во најголем број случаи“, истакнува Рајфман.

Формулата е сложена и на некој начин, варира од случај до случај. Но, генералниот заклучок е дека се потребни само две така намалени дози во времето кога сме будни. Едната – скоро веднаш по станувањето од кревет, а другата – неколку часа подоцна.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1