ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 06/15/18 3:36 PM

ИНТЕРНЕТ СЕРВИСОТ ЗА ПРОВЕРКА НА ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ Е НЕБЕЗБЕДЕН

Интернет сервисот moeosiguruvanje.fzo.org.mk, на кој осигурениците на Фондот за здравствено осигурување може да проверат дали им е уплатено здравственото осигурување и дали има промени во делот на избрани лекари, повеќе од една недела е небезбеден, односно при обидот за пристап интернет јавува дека оваа конекција не е приватна.

Пристап до веб сервисот има, но интернет повторно предупредува дека врската не е безбедна. Вакво предупредување интернет праќа за сите веб страници и веб сервиси кои немаат сертификат за заштита, а споделуваат лични податоци од луѓето.

Извор: СДК


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1