ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 07/5/20 6:55 PM

Ботас победник на првата трка од новата сезона во Формула 1

Финецот Валтери Ботас од „Мерцедес“, победи во првата трка од Шампионатот во Формула 1, возена попладнево на патеката „Ред Бул“ во Австрија.

Ова за него е осма победа во неговата професионална Ф1 кариера. На втората позиција заврши неговиот колега Луис Хамилтон, но поради казна од пет секунди по сударот со Алекс Албон од „Ред Бул“, Британецот го загуби подиумот и на крајот се најде на четвртото место.

Како втор на победничкиот подиум се искачи Шарл Леклер од „Ферари“, додека трет е Ландо Норис од „Мекларен“.

Трката ја одбележаа голем број инциденти и откажувања поради проблемите со болидите. Целта ја поминаа само 11 од 20 болиди кои се најдоа на стартот.

 

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7