ММС

Кевин Пангос ја напушта Барселона

Дваесет и седум годишниот бек-шутер, Кевин Пангос, по завршувањето на двегодишниот договор ја напушта Барселона. Каталонскиот тим не сакаше да го продолжи договорот со поранешниот играч на Жалгирис и сега тој е слободен играч на пазарот.

За тимот од Блауграна, Пангос изигра 85 меча по доаѓањето од Литавнија во 2018 година, во Евролигата и домашната Лига Ендеса. Честите повреди, особено во изминатата сезона, го блокираа развојот на играчот и му оневозможија играчки континуитет. Поради ова, Барселона му се заблагодари и тој веќе од 2020/21 сезоната, ќе носи дрес на друг европски куб.

Во периодот играјќи за Барселона, канадскиот бек освои трофеј во „Кралскиот Куп на Шпанија“ и во домашното првенсто во 2019 година.