ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 06/15/18 2:09 PM

Египет – Уругвај 0:1

После победата на Русија над Саудиска Арабија на отворањето во Москва, денес во вториот меч од групата А во Екатеринбург Уругвај потешко од очекувањата го скрши отпорот на „Фараоните“.

Првото коло од групата А се одигра на стадионот во Екатеринбург кој важи за најнеобичен на Мундијалот а и пошироко.

И покрај тоа што селекторот на Египет Хектор Раул Купер изјави пред мечот дека нивниот најдобар фудбалер е спремен, сепак Салах остана на клупата за резерви.

Во 24’ минута од дуелот Луис Суарез ја промаши најголемата шанса во првиот дел кој заврши 0-0:

Интересно, преносите во живо од натпреварите од Светско се даваат и во Московското метро:

Второто полувреме беше понеинтересно од првото, Уругвај се обидуваше да ја пробие египетската одбрана преку Суарез но центарфорот на Барса не беше расположен за голови денес. Промаши изгледна прилика и во 73’ минута:

Конечно иницијативата на Јужноамериканците им се исплатеше во самиот финиш. Во 89’ минута од мечот Кристијан Родригез изведе еден корнер а Хозе Марија Хименез одлично се извиши и ја закова топката во мрежа за големо славје и први 3 бода за Уругвај:

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1