ММС

Не ширам зараза на базени, не шетам да заразувам, вели Александра Накова, приведена поради непочитување на самоизолација

Според полицискиот извештај старлетата Александра Накова место во самоизолација си заминала на базен, каде тие ја привеле. Медиумите, пак, објавија дека таа била во самоизолација бидејќи првиот тест за проверка дали е заразена со Ковид-19 покажал дека е негативна, но за вториот уште немало реултати, а според протоколот таа морала да биде во самоизолација, се додека не се добијат резултатите од вториот тест.

Јасвноста, пак, е шокирана од нејзината постапка, бидејки, како што пишуваат на социјалните мрежи, не дај Боже да е позитивна, од базенот ќе направи нов кластер во Гевгелија.

Ја контактиравме Накова, која според полицискиот извештај се уште го носи презимето Гајдаџиев, која кусо за mms.mk кусо рече:

-Новинари постојано ми ѕвонат и нема сега ништо да изјавувам, наскоро ќе објаснам се на мојот Инстаграм профил. Наскоро ќе ги покажам двата мои теста со негативни резултати. Ниту сум ширела зараза на базен, ниту сум се шетала за да ширам зараза, ни рече таа.

На нашето прашање каде се наоѓа, бидејки според полицискиот извештај е приведена, а според медиумите е во државна изолација на своја сметка, таа кажа:

-Не можам да ви кажам каде сум, го чекам мојот адвокат сега. Стрпете се наскоро се ќе кажам, рече старлетата во телефонскиот разговор.

Фото: Фејсбук

 

Но, набргу по нашиот разговор таа го објави ова на Инстаграм: