Сексуалните работници во Холандија повторно примаат муштерии, отако земјата ги олабави мерките против ширење на коронавирусот. Сепак, некои мерки се задржани – нема бакнување и длабоки воздишки во лице, пренесува „Ројтерс“.
Еротските танчарки и протитутките го изгубија својот главен извор на приходи откако пред 3,5 месеци беа воведени мерките против вирусот, а сега беа апријатно изненадени кога холандската влада одлучи да почнат со работа од 1 јули, а не од 1 септември, како што првично беше најавено.
Слични мерки и отворање на објектите има и во Австрија, а и таму се забранети бакнежи, а и групен секс, а требало да се носат и маски.
Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.