ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 06/15/18 11:30 AM

Иванов од Софија: Бугарското претседателство го врати интересот на ЕУ за регионот

Претседателот, Ѓорге Иванов за време на неговата официјална посета на Бугарија се сретна со македонски граѓани, стопанственици и културни дејци во Културно-информативниот центар на Република Македонија во Софија. Говорејќи за односите меѓу двете земји, Иванов оцени дека Договорот за добрососедство и соработка со Бугарија отворил нови перпективи и создал нов амбиент во билатералните односи меѓу двете држави. Притоа, Иванов истакнал дека Бугарија со шестмесечното претседателство со Европската Унија успеала да го врати фокусот на Унијата кон регионот.

– Бугарија, со своето претседавање со Европската унија ни помогна нам и на целиот регион, бидејќи нашиот регион, на некој начин, беше на маргините на интересот на Европската унија. Сега сме повторно вратени на европската агенда – рекол Иванов, соопштија од неговиот кабинет.

Од Кабинетот на Иванов информираа дека тој остварил и средба со нерезидентните амбасадори на странски земји акредитирани во Софија за Република Македонија.

На средбата ја истакнал потребата од взаемни засилени активности во насока на унапредување на севкупната соработка со Република Македонија, особено во однос на економската соработка.

Вчера, претседателот Иванов во Софија оствари средба со неговиот бугарски колега Румен Радев, како и со претседателот на Народното Собрание Цвета Карајанчева. За време на официјалната посета на Софија, е остварена средба и со поранешниот бугарски претседател Петар Стојанов


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1