ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 06/30/20 3:25 PM

Мали диви депонии повторно никнаа на влезот од Тетово

Мали диви депонии повторно никнуваат на влезот од Тетово каде пред повеќе од две години имаше планини од отпад. Од Еко Герила барат под итно да се острани отпадот за да не се создаде нова дива депонија.

На влезот од Тетово има разновиден отпад, вреќи со смет, мебел, градежен шут. На оваа локација пред неколку години се претовараше сметот собран од домаќинствата, но истиот се претовараше без стандарди. Од Еко Герила бараат што поскор да се острани сметот за да не се појави нова дива депонија

-Треба да се острани сметот, затоа што и минатиот пат како и сега имаше купишта смет и никој не реагираше и се создаде нова дива депонија, Јас мислам дека досега општинските власти не презеле сериозни чекори за решавање на проблемите со сметот, затоа и ситуацијата на терен е таква каква што е ,рече Аријанит Џафери од Еко Герила

На сите локации каде се претоварал сметот во Тетово се создавале диви депонии. Откако ќе се расчистат општинските власти одредувале друга локација , но и на таа се создавале нови депонии загадувајќи ги подземните води воздухот и почвата.

Зоран Димовски


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7