ММС

Објавено на: 06/30/20 1:52 PM

Нови правила на Ада Бојана: Кој нема да ги почитува ќе заработи казна и до 10.000 евра

Општинското Собраниe на Улцињ денеска донесе одлука за акустичните зони во кои Ада Бојана е сместена во категоријата „Тивка зона во природа“, соопштиле од Здружението на сопственици на објекти на Ада Бојана.

Со оваа одлука, како што информираат конечно ќе се запре негативниот тренд кој довел до тоа во оваа викенд населба која до скоро го носела имиџот на тивко рибарско место, да се одржуваат деноноќни забави кои предизвикале пореметување на редот и мирот, пренесуваат српските медиуми.

„Од сега најголемата граница на бучавата на Ада Бојана ќе биде Db(A) 35-35-30, што во превод значи јачина на звук кој го произведуваат птиците. Ова ќе значи дека од сега ќе се казнува секое пуштање на гласна музика во било која доба од денот, а за не почитување на одлуката следуваат парични казни до 10.000 евра. Благодарни сме им на сите борци во Улцињскиот парламет кои ја донеле оваа одлука, го изразуваме нашето уверување дека локалната власт заедно со сопствениците на куќите ќе продолжат да се грижат за овој дел од нашата преубава природа и грижливо ќе работиме на имплементација на овие одлуки“, наведува Здружението во соопштението.

Во Ада Бојана од денеска се враќа мирот, а со тоа ќе се заштити и животинскиот свет кој е единствен на овој простор.

Извор: novosti.rs


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.