Ливерпул нема да застане тука, изјави ѕвездата Садио Мане
ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 06/30/20 1:17 PM

Ливерпул нема да застане тука, изјави ѕвездата Садио Мане

Победата на Челзи во дербито со второпласираниот Манчестер Сити и официјално го круниса Ливерпул како нов шампион на Англија. За „црвените од Мерсисајд“ тоа беше првата титула во Премиер Лигата по 30 години пауза. Навистина, екипата на Јурген Клоп сезонава беше „тимот што треба да се победи“, играјќи одличен и ефективен фудбал проследен со гранитна одбрана.

Без разлика што Ливерпул практично нема за што вредно да игра до крајот на сезоната, ако ги изземеме рекордите кои може тимот да ги сруши, расположението во петкратниот европски шампион е на високо ниво и тие се подготвени за надигрување до 38 коло. Веќе задутре се сретнуваат со Манчестер Сити на „Етихад“, во мечот кој пред почетокот на сезоната се очекуваше да биде одлучувачки за освојувањето на пехарот.

Сенегалската ѕвезда, Садио Мане, не сака да застане тука и покажува амбиции за уште поголеми нешта во црвениот дрес. И тоа не следната натпреварувачка година, туку и оваа.

-Мислам дека имаме одличен тим, одличен стручен штаб, клубот е неверојатен и ние мораме да направиме уште еден чекор нанапред за да дојдеме до уште поголеми нешта. Ние нема да застанеме тука. Мораме само да веруваме во себе, да работиме напорно и да бидеме скромни, изјави Мане за офиијалниот клупски сајт.

Напаѓачот има само пофални зборови за неговиот менаџер кој после титулата со Борусија Дортмунд во Бундесот, ова му е втора лигашка титула во професионата кариера.

-Тој е одличен тренер и сите сме среќни со него. Јас имам среќа да работам со него затоа што јас и како играч и како човек многу се развив под негово раководство, а тоа е многу важно за секој фудбалер. Сите гледаме како играчите се развиваат со него и му благодарам за тоа, додаде Мане.

Поранешниот фудбалер на Саутемптон изјави дека мечот против Сити во четврток го сфаќаат многу сериозно и пристапот за тој дуел ќе биде идентичен како и претходните во изминатата сезона.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7