ММС

Објавено на: 06/30/20 11:09 AM

Малку туристи и во Црна Гора, Австријци, сепак, дојдоа, но со трактори

Поради пандемијата на коронавирусот, на почетокот на туристичката сезнона Црна Гора очекува 90 отсто помалку туристи во споредба со лани. Затоа секој што личи на турист привлекува внимание. На граничниот премин Дебели Бријег, каде што има речиси десет пати помалку патници во споредба со минатата година, посебно внимание привлекоа туристи од Австрија, пренесуува „Радио Јадран“ од Херцег Нови.

Австријците ја премнале границата со трактори на нив со закачени приколки, а потоа се задржале во Котор. Се претпоставува дека турнејата со трактори ќе ја продолжат.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.