ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 06/15/18 9:04 AM

Инцидент и повик за апсење на Алексис Ципрас

Инцидент се случи во грчкиот Парламент, за време на дебатата за недоверба на владата на Алексис Ципрас. Кулминацијата ја предизвика говорот на пратеник на Златна зора, Константинос Барбарусис .

Пратеникот во еден момент,  говорејќи за штетата што ја прави договорот меѓу Македонија и Грција, го повика како што рече,  „военото раководство” да ги уапси премиерот, Алексис Ципрас, министерот за одбрана и владин партнер, Панос Каменос и претседателот, Прокопис Павлопулос.

Говорот на пратеникот  предизвика силна реакција кај пртениците од  СИРИЗА, кои стануваа и почанаа да се доближуваат до говорницата. Претседателот на Парламентот, Никос Вуцис се обиде да ги смири.

Меѓутоа, пратеникот на Златна зора,  Константинос Барбарусис провокативно кажа кон тие што реагираа: „Вашите глави  во Преспа, рече Барбарусис.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1