ММС

Време: Денес и утре сончево и многу топло, благо освежување и дожд за викендот

Сончево и многу топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец. Максималната температура до 38 степени. УВ=9. Такава е прогнозата на УХМР за денеска.

И утре ќе биде сончево и многу топло со дневни температури кои насекаде ќе бидат над 30 степени. Потоа в четврток и в петок ќе има појава на попладневна локална нестабилност, а поинтензивна нестабилност со врнежи пороен дожд проследен со грмежи ќе има за време на викендот. Тогаш и дневните температури ќе бидат за неколку степени пониски.