ММС

Синот им го удрил гром, родителите го закопале во песок и го оживеале

Момчето Ј.С. (25) ќе го памети вчерашниот ден до крајот на животот, по воопшто не пријатна ситуација. Додека уживал во викенд куќа со неговите родители во близина на Бусов, во БиХ, молња го погодила и паднал во несвест. Неговите родители реагирале веднаш и го  потрупале со земја со цел да се извлече електрична енергија.

Тој е пренесен во болницата во Нова Била со брза интервенција на брзата помош, а во текот на ноќта бил пренесен во Клиничкиот центар на Универзитетот во Сараево за понатамошна нега.

Во моментов е во добра состојба.

Извор: Радиосарајево.ба