ММС

Продава цвеќе за лекови за внучето болно од рак

На Социјалните мрежи се појави фотографија на која измачен дедо седи на клупа со цвеќе во раце.

Во коментарот стои напишано:

„Шетам низ Аеродром и дедово седи на клупа, збори нешто.. Луѓе поминуваат и никој не застанува. Го слушнав вика: Синко продавам цвеќиња , парите се за болно дете од рак и немал доволно средства за терапија. Застанав.. молк, тишина! Се наежив и го прашав да ми ја каже цела приказна. Живее сам со болното внуче кое има 7 години, нема средства од никаде.. бере цветови прво да даде за терапијата за внучето па ако има за леб арно.. Солзи ми навираа во очите, го купив цел букет и заедно се помоливме за здравјето на внучето. Ова не го пишувам за да се пофалам туку се надевам дека барем малце ќе ја поткренам свеста кај луѓето, прво да сослушаат некого па после ако можат да помогнат!

п.с Дедово го прашав кај седи најчесто, ми одговори: Спроти Три Бисери, тука може да се најде и да помогнеме! БИДИ ЧОВЕК ПРЕД СЕ!

Ова не е единствената слика низ улиците кај нас, многу возрасни личности продаваат цвеќе за да купат лекови или да се прехранат…

Дали некој ке ја потврди автентичноста на фотографијата, да се обидеме заедно да му помогнеме.