ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 06/15/18 8:08 AM

Казна за фудбалерите на Саудиска Арабија по поразот од 5:0

Голем број фудбалери на Саудиска Арабија ќе бидат казнети за поразот од Русија со 0:5 на почетокот на Светското првенство.

Претседателот на Саудиската федерација, Адел Изат смета дека играта била безобразна и не одговорала на нивото што тимот го прикажал во контролните средби.

„Резултатот не е реален. Ние сме разочарани од овој пораз. Ќе има казни“, рече Изат.

Меѓу оние кои ќе бидат казнети, секако спаѓаат голманот Абдула Ал Муаиуф, напаѓачот Мохамед Асири и дефанзивецот Омар Хавсави.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1