ММС

Мачка во Јапонија спаси маж кој пропаднал во канал, градот и издаде пофалница

Во јапонскиот град Тоиома, мажот пропаднал во канал, односно се повредил полесно но, неговата несреќа не би била толку необична да не му помогнала мачка, јавуваат јапонските медиуми.

Имено, една мачка упорно гледала во каналот за наводнување во кој паднал мажот, па така заинтересираните граѓани застанале да проверат што се случува.

Тогаш во каналот гледале тело на маж кое не се поместувало, па го извлекле.

Мажот поминал со полесни повреди и гребнатинки, а мачката за тој потфат е наградена со пофалница која и е врачена од  властите на градот,