ММС

Онлајн филмски маркет во Кан

Годинашното издание на Канскиот филмски фестивал поради пандемијата од Корона вирусот е откажано, па наместо стандардното одржување на доделување на едни од најпрестижните филмски награди се одржува онлајн Филмски маркет кој беше отворен на 22 јуни. Онлајн изданието веќе собра повеќе од 8.500 учесници, а опфаќа и 250 штанда и 60 павилјони.

На Канскиот маркет се понудени повеќе од 12.000 онлајн проекции за учесниците за поддршка на интернационалната филмска индустрија и мајсторите на филмографијата ширум светот. Има и можност за купување на правата за повеќе од 2.300 играни филмови. Опфатени се повеќе од 150 виртуелни панел- дискусии, разговори и тркалезни маси, а не е изоставена и филмската музика преку пат на концерти .

Организаторите предходно одбија да го одржат престижниот филмски фестивал онлајн, но сепак ја објавија селекцијата од 56 филмови кои се планирани да се прикажат до крајот на оваа година за публиката.

Ќе учествуваат 15 филма на автори- дебитанти, како омнибус за Хонгконг, три документарци, пет филма во жанрот комедија и четири анимирани филмови. Сите филмови кои влегоја во потесниот круг на селекција го имаат печатот на Кан, што значи дека има за нив одобрување за прикажување во киносалите и други фестивали.

Четири филмови од фестивалот „Мобил“ се натпреваруваат и во официјалната селекција на фестивалот за кратки филмови по Иницијатива за светски мир и толеранција, вечер која се одржа во рамките на онлајн верзијата на филмскиот маркет . Настанот го организира непрофитната организација „Новата генерација во акција“, признаена со посебен консултативен статус од страна на Обединетите нации. Таа ја користи разновидноста на медиумските платформи за да промовира почит и достоинство без оглед на полот, расата, етничката припадност или религијата