ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 06/15/18 7:43 AM

Постмониторинг известувачите на ПССЕ од понеделник во посета на Скопје

Од 18 до 20 јуни во Скопје ќе престојува делегација на Парламентарното собрание на Советот на Европа за постмониторинг дијалог со Република Македонија. Како што најави прес-службата на ПССЕ, пратениците Лиз Кристоферсен од Норвешка и Валериу Гилетчи од Молдова се очекува да се сретнат со премиерот Зоран Заев, со претседателот на Уставниот суд Никола Ивановски, со членови на Парламентот, лидери на политички партии, со специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, судии, претставници на граѓанскиот сектор, медиумите и дипломатските претставници во земјата.

Во понеделник, Кристоферсен и Гилетчи во Парламентот имаат средба со Бетиане Китев, шеф на Делегацијата на Собранието на Република Македонија во Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ).

Разговорите ќе бидат фокусирани главно на развојот на настаните по Извештајот од последната посета на претставници на ПССЕ во мај 2017 година со специјален фокус на судството, како и на генералниот напредок на земјата во насока на исполнување на обврските кон Советот на Европа.

Кристоферсен и Гилетчи ќе одржат прес-конференција за време на последниот ден од посетата на Скопје, на 20 јуни.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1