ММС

Жената е секси и закопчана до грло, вели фолкерката Сања Цинцева – Барбика, која подготвува дует со Џамбо Агушев

Фолкерката Сања Цинцева – Барбика деновиве го сними видеото за новата песна. А додека да биде готово видеото, кое на неколку локации во Скопје  го снима со Дарио Јанковиќ, додека да дојде моментот за промоција  таа сподели неколку фотографии од снимањето.

Од нејзиниот тим велат дека песната се уште нема име, но дека додека се направат сите подготовки за промоција авторскиот тим Дејан Момировски и Борче Нечовски ќе смислат име.

Барбика  има нов имиџ и изгледа поразлично од било кога. Сексапилот и овојпат е нејзин заштитен знак, но е надополнет со модерни детали и изгледа како светските музички ѕвезди. За новата трансформација биле задолжени Даниел Николовски и Викторија Бурсак Петров.

-Жената не треба да биде секси само ако е гола, и закопчана до грло јас можам да бидам секси, ни Сања.

Новата тема е дуетска со Џамбо Агушев и неговиот оркестар, а кралот на трубата за прв пат го гледаме во улога на рапер.

-Идејата моја, му ја предложив н Џамбо, се согласи и супер е. Ние заедно соработуваме одамна, сме биле на настап во Турција а и од ист град сме, се познава долго.  Задоволство ми е да работам со профеиналци каков што е Џамбо. Ваква песна досега кај нас нема направено никој, бидејки е рап со турбо фолк. Ке биде многу интересни, вели Сања.  Сања снима и неколку песни на српски јазик, но поради корона пандемијата тие проекти се застанати.