ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 06/15/18 7:20 AM

Џафери: Заедно, сплотени сме посилни, помудри и ќе бидеме ветер кој ќе ја носи Република Македонија во вистинскиот правец

Задоволство ми е од мое лично име, и од име на пратениците на Собранието на Република Македонија, да упатам искрени честитки по повод големиот празник Фитер Бајрам, празник кој доаѓа веднаш по Рамазанските пости и е награда за индивидуалната пожртвуваност на верниците меѓутоа и за колективната взаемна солидарност и разбирање на сите граѓани без оглед на нивната етничка, верска или политичка припадност – вели претседателот на Собранието, Талат Џафери во денешната честитка упатена по повод празникот Рамазан Бајрам.

Посакувам овој празник да ве најде во добро здравје,  во благосостојба во вашите домови и хармонија во семејниот круг. Ова се времиња на историски предизвик и искушенија за Република Македонија, и затоа посакувам меѓу сите граѓани да надвладее мудроста, разбирањето и визионерството. Заедно, сплотени сме посилни, помудри и ќе бидеме ветер кој ќе ја носи Република Македонија во вистинскиот правец, а тоа е полноправно членство во НАТО и ЕУ, природен и цивилизациски дел од европското семејство и европските вредности – додава тој во честитката.

Уште еднаш, дозволете да ви посакам убаво празнично расположение, добро здравје, успех и благосостојба во вашите домови. Честит празник и за многу години – нагласува Џафери.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1