ММС

НБА лигата планира промени во екипите на играчите

Сите играчи во НБА ќе имаат можност да го заменат името на задниот дел од дресовите со пораки поврзани со социјалната правда, по рестартирањето на сезоната во Орландо, изјави новинарот на „Атлетик“ – Шамс Шаранија.

Според него, раководството на НБА и Здружението на играчи ги испратиле деталите за планот, а исто така ја споделиле идејата со официјалниот снабдувач на екипите „Најк“.

-Ние само се обидуваме да фрлиме светлина врз различните проблеми поврзани со социјалната правда за кои момчињата во Лигата продолжуваат да зборуваат секој ден. Луѓето велат дека кога ќе дојдеме во Орландо, нема да се грижиме за социјална правда. Со овој потег тоа нема да биде така, рече Крис Пол, претседател на Здружението на играчи.

Како што веќе е познато, рестартирањето на сезоанта е закажано за утрото на 31 јули со меч помеѓу Јута Џез и Њу Орлеанс Пеликанс во 00:30 по македонско време.

Од 03:00 часот е дербито на Лос Анџелес Лејкерс и Лос Анџелес Клиперс.