ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 06/15/18 6:40 AM

Франција ќе прими мигранти од „Аквариус“ кои ги исполнуваат условите за азил

Франција е подготвена да ги прифати оние мигранти што се наоѓаат на бродот „АКвариус“, кои ги исполнуваат усовите за добивање азил, изјави денеска францускиот министер за надворешни работи Жан-Ив Ле Дријан.

Ле Дријан нагласи дека го информирал неговиот шпански колега дека по пристигнувањето на бродот со мигранти во Шпанија и по нивната проверка, Франција е подготвена да ги прифати оние лица кои ги исполнуваат критериумите за азил.

Според Ле Дријан, шпанската страна со задоволство го прифатила ваквиот предлог.

„Аквариус“ спаси 629 мигранти од водите на Средозменото Море минатиот викенд, по што  два дена пловеше меѓу Малта и Италија, кои не му дозволуваа пристап на бродот до нивните пристаништа.

Во понеделникот вечерта шпанската Влада соопшти дека ќе му дозволи на бродот да пристапи на нејзина територија, по што тој се упати кон Валенсија, каде се очекува да пристигне в сабота вечер.

Министерот за внатрешни работи на Италија, Матео Салвини соопшти дека „Аквариус“ во придружба на два италијански брода попладнево минал крај островот Сардинија на пат кон Шпанија.

Хуманитраната организаицја „Лекари без граници“ информира дека состојбата на „Аквариус“ е критична, додавајќи дека најмалку 106 мигранти страдаат од морска болест.

Меѓу 629-те мигранти на „Аквариус“ има и шест трудници, 11 мали деца и 123 малолетници без придружба.

Извор: МИА


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1