ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 06/27/20 7:04 AM

Ако одобри Трамп: САД добиваат 51. сојузна држава

Претставничкиот дом на САД, предводен од демократските парламентарци, вчера го усвоил законот со кој главниот град Вашингтон ќе стане 51. сојузна држава на САД, јавуваат американските медиуми.

Иако републиканците и Белата куќа изразија противење на таа мерка, предлог-законот е донесен со 180 гласа “за“ од 232. Предлог-законот, би овозможил прием на новата држава под името Вашингтон Даглас комонвелт, која би ја претставувале двајца сенатори и еден член на Конгресот. Територијата на државата би ја зафаќала сегашната територија на округот, освен спомениците и сојузните згради, како Белата куќа и Капитолот. Сепак, оваа одлука веројатно ќе биде одбиена во Сенатот, во кој мнозинстvото се републиканци, и од претседателот Доналд Трамп.

Вчерашното историско гласање, прво за прашањето на бројот на држави по 27 гоdини, донесе нов фокус на главниот град на САД кој има популација од 700.000 жители, но не и право на глас во Конгресот.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7