ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 06/14/18 1:00 PM

Почина родилка во штипската болница

Родилката Маја Паневска од Свети Николе почина по десет часа, откако по природен пат на свет донела здраво машко дете. 28-годишната жена била примена во Клиничката болница во Штип вчера во 13 часот,  а се породила во 21 часот. Изутрината, во 6:50 часот, од непознати причини, починала.

Телото на родилката е дадено на обдукција во Судска медицина во Скопје.

Од Клинилката болница од Штип го потврдија случајот и изразија сочуство до семејството. Повеќе информација најавија откако ќе го добијат извештајот од обдукцијата.

Во период година и половина, ова е втор смртен случај на штипското Гинеколошко – акушерско одделение. Претходно, во ноември 2016 година, во деветиот месец од бременоста, почина 26-годишна трудница и нејзиното неродено бебе.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1